Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.



Утринската температура ќе се движи од 10 до 19°C, а дневната од  29 до 36°C

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и температура до 35 степени.

„Од среда времето под влијание на топла воздушна маса ќе биде стабилно и суво, претежно сончево во текот на целиот ден со високи вредности на УВ индексот и очекуваме максимални температури во пораст и во моментов се предвидува да биде во опсег од 31 до 39 степени, но состојбата ќе се следи секој ден за да се соопшти дали ќе има жолта или портокалова фаза во однос на високите температури“, Ивана Петровиќ УХМР.

Ваквите температури се аларм за здравјето, особено за оние со хронични заболувања.

Телефонот на Браза Помош сега ѕвони поинтензивно, со пријави за вртоглавици, несвестици, мозочни удари и отежнато дишење, како и зголемен број на сообраќајни несреќи, како последица на намалената концентрација поради жештините. Карамановски вели дека во вакви случаи прва помош е клучна, додека екипите не стигнат на теренот.

„Да се ​​тргнете настрана,  да побарате помош, да седнете, да легнете, да се соблечете, да и дозволите на кожата да дише слободно, во ситуација кога губењето на свеста веќе се продлабочува, да ги крене нозете, ако има нешто солено за каснување, автоматски се зголемува притисокот и доаѓа до централизација на целокупната циркулација на крвта“,вели Ѓорги Карамановски од Итна медицинска помош.

Не излегувајте помеѓу 10:00 и 17:00 часот, бидејќи тогаш температурите се повисоки, а доколку морате да излезете во овој период, важно е да земете вода, лесна и памучна облека, капа и да внимавате на храната. .