Жена од американската сојузна држава Мисури, која помина 43 години во затвор, беше ослободена откако судијата утврди дека има „јасни и убедливи“ докази дека таа е невина.
63-годишната Сандра Хеме била осудена на доживотен затвор за убиството на Патриша Јешка, библиотекарка во Сент Џозеф,
Убиството се случило во 1980 година, а Хеме била осудена откако дала изјави во полиција во која признала вина.
Таа првично се изјасни за виновен за убиство во замена за избегнување на смртната казна, , пишува Гардијан.
Меѓутоа, таам во тоа време била ментално болна.
Во петокот, судијата на округот Ливингстон, Рајан Хорсман, пресуди дека „доказите директно“ поврзуваат локален полицаец со убиството на библиотекарката.
Споменатиот полицаец подоцна завршил во затвор за друго кривично дело и во меѓувреме починал.
Хеме мора да биде ослободена во рок од 30 дена, освен ако обвинителите не одлучат повторно да ѝ судат, рече судијата Хорсман.
Пресудата уследи по доказното рочиште во јануари, каде адвокатскиот тим на Хеме презентираше аргументи кои ја поддржуваат нејзината невиност.
Затворската казна претставува најдолго позната погрешна пресуда на жена во историјата на САД, според адвокатите на Хем од непрофитната организација Innocence Project.






