Сончево и топло време со температури во пораст и со мала до умерена локална облачност се очекува денеска, информираат од УХМР.



Температурите ќе се движат во интервал од 24 степени во Маврово до највисоки 35 степени во Гевгелија и Демир Капија.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура во главниот град ќе биде 14, а во текот на денот ќе достигне до 34 степени.