Македонија од концесија на рудници за четири години наплатила само 45 милиони евра

За четири години од 2018-2022 од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, Македонија наплатила само 45 милиони евра, а само 1,7 милиони евра од експолатација на најквалитетниот мермер, иако компании дебело профитираат од тоа. Државата во четири години издала стотици концесии, а наплаќала симболично. Во бројки, профитот од мермер е буквално само еден процент од приходите од продажбата кој ги остварил концесионерот, утврдила Државна ревизија во извештајот за периодот од 2018 -2022 година. Заклучно со 2022 доделени биле вкупно 348 концесии на 257 концесионери што е 1,3 % од вкупната територија на државата, а за експоалтација на мермер се доделени 29 концесии .



За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра) концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра) надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двата основи, стои во извештајот од Државен завод за ревизија
Ревизорите утврдиле дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат сигурност за оптимална искористеност на минералите и не гарантиираат навремена наплата на надоместоците од концесионерите. Дополнително, висината на надоместоците кои државата ги определила е на ниско ниво, а начинот на пресметка не ги прикажуваат реалните цени и не се правични во однос на продажните цени кои ги остваруваат концесионерите.

Со извршената ревизија и обезбедените докази стекнавме разумно уверување дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат целосна подготвеност и сигурност за остварување на оптимална искористеност на минералните суровини, сеопфатна и навремена наплата на концесиските надоместоци и ефикасен систем на надзор над реализацијата на склучените договори, Државен завод за ревизија

Ревизорите алармираат неопходно е да се зајакне правната и стратешката рамка за тоа како се доделува и одзема правото за експлоатација на минерални суровини, а воедно и за постапката за доделување и одземање на концесиите Потребно е да се зајакне и механизмот за надзор и контрола над концесионерите.
Извор: https://alfa.mk/za-drzhavata-troshki-za-privatniczite-milioni-makedonija-od-konczesii-naplaka-edvaj-desetina-milioni-evra-godishno/