„Коалицијата Вреди реагираше на акредитацијата на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга. Според Вреди, ‘Универзитетот на Мерко’, со кој раководи Арменд Кадриовски, ‘е славен по производството’ на итни дипломи. Во овој ‘Универзитет’ на Мерко“ во текот на годините, според коалицијата Вреди, преку ноќ дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ, како и многу членови на семејствата на функционерите на ДУИ!“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат ја пренесува реакцијата на коалицијата Вреди: „Ова е ДУИ, ова се функционерите на ‘Црната листа’ на САД, кај кои криминалот нема граници. За оваа акција министерот Јетон Шаќири мора да даде отчет пред јавноста и да ги каже сите причини зошто го акредитирал Универзитетот Мерко со Медицински факултет. Министерот Јетон Шаќири мора да докаже дали овој Универзитет има соодветни кабинети за изучување на предметите од медицината, но и потребни академски кадри.“





