Санкции на Владата на Косово против Иран и нов пакет-санкции против Русија и Белорусија

„Владата на Косово денес ги одобри пакетот санкции против Исламската Република Иран и новиот пакет санкции против Руската Федерација. Заменик-министерот за надворешни работи на Косово Лиза Гаши на владиниот состанок рече дека санкциите се координирани со Соединетите Американски Држави, Европската Унија и другите сојузници.“ – објавија информативниот портал на албански јазик од Македонија „Инфошќип“ и весникот на албански јазик „Бота сот“ од Косово.



„Инфошќип“ и „Бота сот“ ја цитираат изјавата на Лиза Гаши: „Пакетот санкции против Исламската Република Иран e против лица и субјекти, вклучени во нуклеарни и балистички ракетни активности и лица и етникуми, кои ѝ даваат поддршка на владата на Иран. Согласно со одлуките на САД и на Советот на ЕУ, санкциите кон Русија и Белорусија и на САД се поради ситуацијата во Украина и сериозните газења на човековите права во Руската Федерација, поврзано и со убиството на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.“