Потписниците на договорот од Преспа, Зоран Заев и Алексис Ципрас преку заедничка колумна велат дека новото раководство на Македонија го кршело договорот.
Во текстот како што пренесува Прототема стои дека почитувањето на Договорот е единствениот пат до европскиот пристапен процес.
„Речиси 30 години, по падот на Берлинскиот ѕид и насилното распаѓање на Југославија, нашите две земји беа поделени поради ‘номенклатурата’, која не само што го попречуваше развојот на односите меѓу народите, но и ја ослабе регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан. Европскиот совет во Солун во 2003 година за прв пат ја потврди европската перспектива на регионот. Сепак, до 2014 година овој моментум беше изгубен и процесот на проширување беше официјално замрзнат пет години. Влијанието и улогата на ЕУ во регионот еродираа, оставајќи простор за активирање на опасните државни и недржавни актери со опасни агенди. Во овој политички вакуум, земјите од регионот се повикани да се справат со најтешката бегалска криза од Втората светска војна, со повеќе од 1,1 милион луѓе кои ја минуваат балканската рута, додека се справуваат со една по друга политичка криза. Кога првпат се сретнавме во Давос во јануари 2018 година, се согласивме за неколку фундаментални точки: Дека оваа ситуација не може да продолжи. Дека нашиот народ и регионот заслужуваат подобро отколку да бидат заробени подлабоко во магичниот круг на нестабилност и национализам. Дека нашата цел нема да биде да се преправаме дека преговараме, па потоа да не успееме и, да бараме победа во игра на меѓусебни обвинувања, како што такво нешто видовме кај други. Решивме дека нашите преговарачи нема да ја напуштат просторијата додека не најдеме заемно прифатливо решение, без разлика на политичката цена што ќе треба да ја поднесеме самите ние“, стои во текстот.
Заев и Ципрас велат дека се соочиле со силни реакции од опозицијата во двете земји.
„Во последните шест години не ги видовме случувањата на кои се надевавме. Европскиот пристапен процес на Македонија беше замрзнат, прво од Франција, а во последните години и од Бугарија. Тензиите во Косово се зголемуваат бидејќи бриселскиот процес заглавува, а реториката во Босна и Херцеговина станува сè поагресивна. Импулсот на проширување во Западен Балкан е изложен на висок ризик и се чини дека не добива на интензитет, дури и со одлуката да се отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија или да ѝ се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина. Се повеќе млади луѓе мигрираат од Западен Балкан, разочарани не само од нивните лидери, туку и од неспособноста или неподготвеноста на ЕУ да ги исполни своите ветувања“, се вели во текстот.
Додаваат дека во период на зголемена глобална конкуренција, регионална нестабилност и конфликт, Европа мора да преземе водечка улога како сила која активно ги поддржува мирот и стабилноста врз основа на меѓународното право, секаде каде што тие се под закана.
Договорот од Преспа го потпишаа на 17 јуни во 2018 година во Нивици.