Авиокомпании намалуваат и укинуваат летови од и до Скопје

Авионската компанија „Кроација Ерлајнс“ ќе го намали бројот на летови на одредени линии до крајот на јуни, затоа што авиопревозникот се бори со недостаок од флота. Ќе бидат погодени услугите од Загреб до Дубровник, а исто така ќе бидат намалени летовите од Загреб до Скопје. Летовите од и до македонскиот главен град ќе се одвиваат осум пати неделно, наместо сегашните девет. Авиокомпанијата отстрани 12 неделни летови од својата мрежа во Загреб од средината на јуни.



Нивната нова линија меѓу Загреб и Тирана ќе биде отворена на 14 јуни, но поради оваа причина, првиот следен лет нема да биде пред 28 јуни. Од 17 јуни летовите меѓу Загреб и Брисел ќе бидат намалени од десет на осум неделно, додека линиите за Сараево од 13 на 11.

Дополнително, ќе се намали бројот на летови до Дубровник и кон Франкфурт од сегашните 19 на 18, како и до Цирих. Намалени услуги ќе има и за Мостар и Скопје, така што оваа компанија ќе укинува вкупно 12 летови неделно, јавува Екс-ју Авиаотин њуз.

Од друга страна нискобуџетната авиокомпанија „Изи Џет“ планира да ги прекине летовите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25. Авиокомпанија го закажа последниот лет меѓу двата града за 1. ноември. Продажбата на билети птооа е прекината. Нејасно е дали компанијата ќе ги обнови летовите во 2025 година.

Како и секоја година, „Пегасус“ ја зголемува фрекфенцијата на летови од Скопје до Истанбул, пред се поради летните одмори, и се почестите посети на граѓаните на познатите турски туристички центри. Од осум лета недолно, најпрво ќе бидат зголемени на девет, а во август и десет неделно. Со тоа оваа авиокомпанија ќе има вкупно 19 услуги до Скопје, односно десет до Истанбул, четири неделни од Измир и обратно и пет од и до Анталија.