Со поддршка од 455 делегати, денес на Конгресот на Движењето „Беса“ во Скопје, Биљал Касами беше избран за претседател на оваа партија на Албанците.
Ова е „втор избор“ на претседател во партијата која веројатно е пред распаѓање откако минатата недела тетовското крило го избра Африм Гаши за лидер.
„Движењето Беса е едно. Има еден конгрес кој денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот“, изјави Касами откакобеше реизбран, пренесе МИА.
Биљал Касами има поддршка од двајца, од вкупно петтемина пратеници на Беса во Собранието.




