Дарио Ивановски го собори сопствениот и државен рекорд на Македонија во полумаратон на Европското првенство во атлетика во Рим, кадешто забележа време од 1:04,01 часа, кое му го донесе 29. место меѓу 57 натпреварувачи што ја истрчаа патеката од 21,0975 километри.
Резултатот е за 44 секунди подобар од претходниот македонски рекорд што 27-годишниот скопјанец го оствари на Балканскиот шампионат во полумаратон во Битола во септември минатата година.
Ивановски е единствениот учесник во трката што постави национален рекорд во оваа дисциплина, во која триумфира Италијанецот Крипа со нов рекорд на европските првенства од 1:01,03 ч.
Следен предизвик за најдобриот македонски тркач на средни и на долги патеки ќе биде маратонот на Олимписките игри во Париз на 10 август.
Дел од трката на Ивановски во видеото на неговиот тренер Игор Јакимовски:
https://www.facebook.com/100000059218527/videos/485867200631036/
(Фото: Игор Паневски/Телма)






