Во пресрет на денешниот Конгрес на СДСМ, претседателот во оставка, Димитар Ковачевски, одговарајки на новинарско прашање, рече дека се’ што имал да каже, го кажал и на 8-ми мај и на денот кога се повлече од претседателското место во партијата, на 28-ми мај.



„Очекувам отворена дебата и да се разговара отворено и конструктивно за сите прашања кои влијаеа на изборниот резултат. Делегатите ќе имаат за што да разговараат, членовите на раководството ќе имаат свои одделни експозеа. Мислам дека ќе биде успешен Конгрес од кој СДСМ ќе треба да излезе посилен и побединет и да влезе во процесот на финализирање на нов претседател и ново раководство, изјави Ковачевски.

Без да се кандидира за уште еден мандат, Ковачевски кој тврдеше дека ќе владе уште долго, сега ја препушта лидерска позиција на еден од кандидатите кои до кои до крајниот рок, во четртокот, поднесоа кандидатури за челна позиција во СДСМ:

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска,

поранешниот министер за здравство Венко Филипче,

директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и

актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски

Вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ ќе се одржат на 30 јуни.