Новинар да биде запален на клада. Вака гласи стравичната закана упатена преку профилот на Здружението на новинари на Македонија до новинарот на ТВ Алфа Богдан Илиевски.
Заканата е упатена од профил со име Бојана Јовановска која коментира на пост на ЗНМ во кој се бара да запре онлајн малтретирањето на новинарката Лепа Џундева и други новинарки.
Овој коментар на постот на профилот на ЗНМ стоел најмалку 14 часа без да биде избришан а тргнат е дури кога Илиевски на оваа тема зборува во емисијата Еспресо со Златев и Боцевски на Радио Лидер.
Зошто ЗНМ која има стотици членови и огромни ресурси во пари и луѓе дозволиле 15 часа стравичната закана да стои на нивниот профил на Фејсбук засега нема објаснување од претседателот Младен Чадиковски управниот и надзорниот одбор на ЗНМ.
Неверојатно е дека цели 14 часа ниту еден од десетиците членови на раководството на ЗНМ не го виделе говорот на омраза на нивниот профил и дозволиле заканите кон Илиевски да стојат објавени толку долго време.
ЗНМ сега молчи за скандалот кој се случил на нивниот профил на Фејсбук а ниту еден од раководството не презема одговорност ниту дава оставка за недозволивото однесување на една од најбогатите невладини организации во Македонија.
Чадиковски и другите членови на раководството не преземаат одговорност ниту за скандалот со нивното барање Здружението на новинари да бара затвор за новинар.
Наместо ЗНМ да води војна против обидот новинарите да завршат в затвор Чадиковски и управниот одбор на ЗНМ од МВР бараат Илиевски да заврши во затвор за обично прашање на Фејсбук.
Доколку МВР кое сега го води кадарот на ДУИ поднесе кривична пријава за поттикнување на говор на омраза како што бара ЗНМ а континуираното судство ја процесира на барање на Чадиковски, Илиевски може да биде осуден на 5 години затвор за обично прашање на Фејсбук.

Редок случај во светот здружение на новинари да бара робија за новинар
Бетмен Велит со барање за извинување од ЗНМ, во спротивно ќе тужи







