Млада македонска оперска дива е најдобра на водечки италијански конзерваториум (ВИДЕО)

Младата македонска оперска дива Илина Митревска која е на мастер студии на престижниот конзерваториум “”Џузепе Тартини” во Трст ја восхитува публиката каде и да настапува.



Младата Илина пред неколку дена била избрана за најдобар студент на еминентната италијанска професорка Паулета Мароко која води класа на една од водечките италијански оперски школи.

Митревска оваа сезона беше поканета во претставата ,,Златото на Ѓаволот” во театарот ,,Верди” во Трст.

Илина веќе остварува значајни улоги во оперските куќи низ Италија а одржува и самостојни концерти.

Како звучи италијанската оперска образовна традиција и македонската енергија, убавина и емоција може да видите од видеото на младата дива Илина која веќе влегува во категоријата ,,Светско а македонско”.