Враќањето на прашањето за името во фокусот на македонската, грчката и дел од меѓународната јавност дел од Грците го искористија за бизнис.
Одеднаш на интернет се појавија производи со името Македонија и ѕвездата од Вергина (Кутлеш).
Цените на маичките, капите и чашите за кафе се неколкупати повисоки од редовните ама кога се работи за нацијата цената не е важна, трговците тријат раце.
Така, на пример, една капа која редовно е со цена од 2 долари сега се продава по 15 долари.







