Ако одделот за компјутерски криминал во МВР кое го води министерот за внатрешни работи Назим Буши го прифати барањето од Здружението на новинари на Македонија новинарот Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит може да добие затворска казна од 5 години.
ЗНМ чиј претседател е Младен Чадиковски претходно објави дека со цел да ја заштити неговата колешка од ТВ24 Лепа Џундева побарало од МВР да го расчисти случајот во најбрз рок.
За ЗНМ посакувана разврска е МВР да поднесе кривична пријава за Илиевски за поттикнување на говор на омраза, дело за кое новинарот на ТВ Алфа може да добие затворска казна до 5 години затвор.
Повеќе детали за барањето на ЗНМ македонски новинар да заврши на робија
ЗНМ бара затвор за Бетмен Велит затоа што со прашање наводно поттикнал говор на омраза
Според македонскиот кривичен законик во членот 419 став Г Илиевски кој на Фејсбук постави обично лично прашање без никаква навреда, закана или клевета се соочува со затворска казна од една до пет години затвор.
Членот од Кривичниот законик со кој Чадиковски и ЗНМ сакаат да го однесат Илиевски во затвор:
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал
по пат на компјутерски систем
Член 394-г
(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза,
дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Новинарот со контраудар, ќе ги тужи ЗНМ и Синдикатот на новинари ако не се извинат
Бетмен Велит со барање за извинување од ЗНМ, во спротивно ќе тужи
Најчитани статии
ЗНМ бара затвор за Бетмен Велит затоа што со прашање наводно поттикнал говор на омраза






