Студентите учат по ходници, не се пуштаат климите во градската библиотека „Браќа Миладиновци”

На плус 30 степени во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” не се пуштат климите, а студентите јунската сесија ја спремаат по ходници реагираат граѓани на социјални мрежи.



  • -Од Библиотеката, се оправдуваат дека ке немаат средства да ги исплатат фактурите. Неспособните од Град Скопје и од Левица (кои раководат со библиотеката) не се во можност барем за време на испитните сесии да ги пуштат климите а да не збориме за другите услови кои се катастрофални.
  • Студентите се принудени да учат по ходници бидејки за ботоксираната и неморалната градоначалничка има пари секоја недела да оди на службени патувања ама немало пари за струја“, напиша Умејр Мухамеди, кој редовно го крева гласот за разни општествени прашања.

https://www.facebook.com/share/p/TqL8zH1G9DB2xbnF/?mibextid=oFDknk

Фото: Facebook