По реакциите во јавноста на неговата изјава дека Косово е негова татковина, Африм Гаши на Фејсбук објави дека бил погрешно разбран.



„Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република С. Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е С. Македонија.

Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив, напиша Гаши на Фејсбук.

Претходно и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го „прозва“ да се извини ако навистина така рекол, бидејќи негова татковина сепак е Македонија од каде зема и плата.