„Абе г’нси едни токсични лузери“, Јовановски распали по СДСМ

Владеат со најцрната власт во историјата, модуларни болници, пеплосани луѓе, изгорени автобуси, хаос во образовнието, криминал, корупција – актерот Владо Јовановски распали по СДСМ, за кои вели дека слушнал оти ќе правеле влада во сенка.



„А уште се на власт. Владеат со нај црната власт во историјата на Р. Македонија.

/ Состојбата на хирургија, онкологија, токсикологија …/ Да не зборувам за модуларни болници, пеплосани луѓе, автобуси, сали, вакцини, навигација на авиони/.

Погубни договори, идентитетски интервенции, без волја на народот/. Корупција, криминал, пасоши/.

Енормна задолженост! Уништени институции: здравство, образование, култура… / Партизирана култура, освета кон неистомислениците и кон нивните деца.

Наместени конкурси, пропаднати конкурси, одземено време …

Уништено судство, обвинителство … Затворени невини луѓе, 27.04. И други … и.т.н. и.т.н.

Абе г’нси едни токсични лузери:

Нема сенка за вас, ниту пак “Влада во сенка”. Црнила донесовте! Црно, катран владеевте, и уште сте на власт. Во темница ќе скапете, сите кои се огрешивте кон Македонскиот народ и кон сите граѓани на Македонија.(ако не на овој на оној свет). Помалку виновните, може ќе се спасат со: “Општествено корисна работа”, Ама не под сенка, туку на сонце, на дожд и на студ. Се разбира не на таков студ, како што беше студено во ќелиите во Шутка, таа 2017 година, зимата.

Не сум толку суров. Можеби Господ и ќе ви прости, ама ние онеправдените, никогаш нема да заборавиме.

Слобода за бранителите на уставот на Република Македонија“, напиша Јовановски.