Русија планира да испрати борбени бродови во Карипското Море ова лето како дел од поморските вежби кои најверојатно ќе опфатат пристаништа во Куба и веројатно ќе застанат во Венецуела, изјави во средата висок американски функционер, јави Ројтерс
Соединетите Држави не го гледаат релативно малиот број бродови и авиони како закана, но американската морнарица ќе ги надгледува вежбите.
„Ова е за Русија да покаже дека сè уште е способна за одредено ниво на глобална демонстрација на моќ“, рекол функционерот.
„Како дел од редовните воени вежби на Русија, очекуваме дека ова лето Русија ќе спроведе засилени поморски и воздушни активности во близина на Соединетите држави. Овие акции ќе кулминираат со глобална руска поморска вежба оваа есен“, рече претставникот.
Распоредувањето на бродови и авиони се смета за дел од рутинска поморска активност и „не сме загрижени од распоредувањата на Русија, кои не претставуваат директна закана за Соединетите Држави“, рече тој..






