Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Христијан Мицкоски кој е иден мандатар на новата влада во 12 часот во Собранието ќе одржи прес-конференција.
Најавено е дека тој заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска во Собранието ќе ги поднесат измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови.
Седницата за измените на Законот, според собраниски извори, треба да се одржи во петок на 7 јуни.
Според предлогот за измени владата ќе добие нови министерства, а дел од постоечките ќе претрпат реорганизација.






