Пред да го напушти местото шеф на дипломатијата, Бујар Османи сака да испрати нови дипломати во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во дури 15 земји. Тој како технички министер распишал конкурс за дипломати во Мисијата на Македонија во ОН во Њујорк, во амбасадите во Москва, Тел Авив, Токио, Рим, Киев, во генералниот конзулат во Њу Џерси. За пониски дипломатски звања се бараат заинтересирани за во амбасадите во Лондон, Берлин, Астана, Бразилија, Осло, Варшава и во генералните конзулати во Истанбул и Минхен. Петнаесет на број.
Според извори на МКД.мк на оваа одлука на министерот се спротивставил шефот на администрацијата во МНР, Филип Тосевски, кој не сакал да го потпише овој документ. Но Османи си нашол резерва, иако тоа е спротивно на сите правила – конкурсите ги потпишал директорот за организациски работи, Мемет Жаку.
Од МНР засега нема никаков став.
Правилата велат дека министер во техничка влада, како што е во моментов Османи, нема право да распишува вакви конкурси. Единствената задача на техничката влада е подготовка и спроведување на парламентарните избори.
Извор: https://mkd.mk/bujar-osmani-pred-zaminuvanje-saka-da-prati-15-diplomati-vo-stranstvo/





