Јован Деспотовски кој раководи со ТИРЗ официјално влегува во трката за шеф на Бихаќка. Тој има и конкретна програма, а кандидатурата ќе ја поднесе откако ќе ја презентира програмата пред медиумите
„Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува. Програмата нуди конкретни мерки и поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките, целосна одговорност и отчетност на функционерите кон членовите и граѓаните, професионализација на партиските тела со цел поголема ефикасност, како и воведување на култура на прифаќање и почитување на различни ставови и мислења“, истакна Деспотовски.
Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае до утре. Право да се кандидираат имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и вредносните, моралните и етичките норми.
во текот на денешниот ден се очекува да поднесат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска.





