Тоа е четврта година по ред како оваа државна компанија работи со минус, а откако претходните три години ги финишираше со кумулативна загуба од вкупно 1,9 милиони евра, пренесува Фактор. мк
На акционерското Собрание, пак, што се одржа во текот на вчерашниот ден, беше даден предлог, а тој секако е и прифатен, таа загуба, едноставно да остане непокриена.„Градски Трговски Центар А.Д. – Скопје има остварено загуба во 2023 година во износ од 28.180.409 денари (458 илјади евра – н.з.). Загубата на Друштвото искажана во билансот на успехот за 2023 година во износ од 28.180.409 денари останува непокриена“, се вели во Одлуката.
Во годишниот извештај на компанијата е наведено дека на крајот на минатата година вкупниот број на вработени во ГТЦ изнесувал 194 лица, што е намалување во однос на претходната година, но сепак, како што нагласуваат оттаму, ова државно АД и натаму има превработеност во одредени сектори, што директно влијае на трошоците, а со тоа, се разбира, и на финансискиот резултат.
Извор:https://faktor.mk/golemiot-zagubarski-bunar-ostanuva-nepokrien—shto-da-pravi-nekogashniot-skopski-biser-so-lanskiot-minus-od-460-iljadi-evra






