Таравари: Жал ми е за Села, со него „Вреди“ ќе имаше 10 илјади гласа повеќе

Поканет во емисијата „Клан дебата“ на телевизијата Клан Македонија, Арбен Таравари рече дека, ако Алијанса за Албанците не се расцепеше пред изборите, можеби денес неговата коалција „Вреди“ ќе имаше 10 илјади гласови повеќе со Зијадин Села.



„Жал ми е кога гледам како политичар кој 10 години ги критикуваше Али Ахмети и ДУИ, како Зијадин Села, денес е секогаш покрај Али Ахмети. Колку сме соработувале со господинот Села, сме го слушале и сме му верувале, но гарантирам дека доколку господинот Села беше со нас на овие избори, веројатно ќе имавме 10.000 гласови повеќе“, рече Таравари.

„Верувам дека албанските партии кои се дел од Европскиот фронт ќе се спојат во ДУИ, но не и турските партии или босанските или ромските партии“, додаде Таравари.