Рамиз Мерко заштитен како бела мечка, повторно одложено судењето за спорната набавка на „Ауди А6“

Денеска повторно се одложи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се сомничи за спорната набавка на службеното „Ауди А6“. Судењето е одложено поради обемната документација со докази што денеска ја доставила одбраната.



Обвинението за Мерко е поднесено 10 месеци откако САД минатата година во јуни го ставија на црната листа поради корупција и мешање во судски процеси. Судијката уверува дека нема да има намерни одлагања на рочиштата и оти во разумен рок ќе ги обезбедат сите докази кои ги бара одбраната.