Ова вчера го изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага.
„Го поддржуваме продолжувањето на помошта за Украина и капацитетот на Украина да обезбеди одвраќање, но не сакаме НАТО да учествува во таа војна“, рече турскиот министер за надворешни работи.
Едно е да се поддржи Украина да го гарантира нејзиниот територијален интегритет и да ги ослободи нејзините територии, но друго е да го вклучи НАТО во војната, вели министерот Фидан,и предупредува дека дека постои ризик од регионално проширување на конфликти и поголеми кризи.
Турција успеа да ги одржи врските и со Русија и со Украина од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година.
Овој став на Турција доаѓа откако неколку земји од НАТО, вклучително и САД, ја овластија Украина да го користи оружјето што и го дадоа за цели во Русија доколку се брани од напади.
Американскиот претседател Џо Бајден ѝ даде зелено светло на Украина да гаѓа цели на руска територија, во регионот Харков, под одредени услови.






