Поранешниот претседател на САД и кандидат за уште еден мандат во Белата куќа, Доналд Трамп се огласи со коментар на неговата социјална мрежа „Truth“ откако беше прогласен за виновен за фалсификување деловни документи, велејќи дека е „политички затвореник на нација која опаѓа“.



„Но, наскоро ќе бидам слободен, на 5-ти ноември, и повторно ќе ја направам Америка голема“, напиша тој со големи букви.

Трамп претходно изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Може ли Трамп да оди и во затвор и да биде претседател

Тимот што ја води кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2024 година вели дека собрал 52,8 милиони долари откако поранешниот шеф на државата беше прогласен за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи од прв степен.

Во објавите на социјалните мрежи, кампањата го отфрли судењето како „лажно судење на претседателот Џо Бајден“.