Оштетена е оградата на Мостот на револуцијата, предупредуваат граѓани.
Тие се жалат дека пешачењето по тротоарот на мостот преку реката Вардар што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во центарот на Скопје е целосно небезбеден порди отворот што се створи од оштетената ограда.
Небезбедно е за возрасни, а особено за деца, вели граѓанин за Република.
Граѓаните прашуваат каде е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Скопје никогаш не било позапуштено и понебезбедно.
„Ова навистина е срамно. Што се чека? Да се случи трагедија па да се фатат за работа?! И после пак виновен ќе биде некој обичен смртник, а вина кај градоначалничката и нејзините соработници ќе нема. Дупкава е ризична“, коментира минувач на мостот.





