ДУИ не бара по секоја цена да биде во владата, но бара почитување на легитимитетот на мнозинството на Албанците и другите етнички заедници изјави Крешник Бектеши.
Во синоќешното гостување на „Сител“, Бектеши најави најави дека лидерот на партијата Али Ахмети до крајот на неделата ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата.
„Кај нас, како членови на Претседателството на ДУИ доаѓаат идеи од страна на интелектуалци и луѓе кои придонеле многу за државата, не само Албанци, туку и од другите етнички заедници. Веќе имаме разговарано за одредени опции.
До крајот на неделата ќе има конкретни чекори што ќе бидат преземени и ќе ги обелодени претседателот на партијата Али Ахмети, рече Бектеши во централниот дневник на „Сител“.
Али Ахмети претходно на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово, соопшти дека тие се легитимен претставник на Албанците во државата, бидејќи, како што посочи, на претседателските избори победиле со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови повеќе и, според нив, шест пратеници повеќе од Коалицијата ВРЕДИ.






