ТВ Клан Македонија: Со „меѓународен Меморандум“ и други чекори „ЕУ-фронтот“ ќе се „бори“ за „загрозениот легитимитет“ на Албанците

„Не е исклучена можноста Европскиот фронт да подготви Меморандум, со кој ќе ја извести меѓународната заедница дека се загрозува легитимитетот на Албанците и на најмалите етнички заедници со со влегувањето на коалицијата Вреди во Владата.“ – објави ТВ Клан Македонија.

ТВ Клан Македонија пишува: Најавена е „битка“ за легитимитетот, но високите експоненти на Европскиот фронт јавно не ги објавија чекорите што ќе бидат преземени. Министерот во заминување Крешник Бектеши во изјава за Клан Македонија најави дека ДУИ не разгледува опции, кои подразбираат деструктивно однесување, туку главно демократски методи за итно дејствување, во смисла како ќе постапуваат пратениците на Европскиот фронт во Собранието, но и градоначалниците на општините , советници и други функционери.

Според Бектеши, првиот чекор почнува во недела, на 2 јуни во Тетово. „ДУИ планира утре средба во Тетово со сите политички партии кои го сочинуваат Европскиот фронт. Сите членови на претседателствата и на сите собранија, како и функционерите на сите тие партии на локално и централно рамниште ќе потпишат договор, како прв чекор, кој ќе претставува алармирање и елаборирање на легитмитетот, што произлегува од Охридскиот рамковен договор.“ – изјави Бектеши.

Што се однесува до алармирањето, Европскиот фронт планира да го сензибилизира и меѓународниот чинител, како што велат, за легитимитетот, кој го загрозуваат идните партнери на владата. Не е исклучена можноста да се подготви Меморандум, кој ќе биде поддржан од функционерите на Европскиот Фронт, но и од интелектуалците, со кој ќе биде известена меѓународната заедница дека се загрозува легитимитетот на Албанците и на најмалите етнички заедници со со влегувањето на коалицијата Вреди во Владата.