Meџити: Во новото мнозинство ќе бидат и пратеници од Европскиот фронт

Првиот човек на Демократското движење – партија којашто е дел од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити во интервју за „А2 Си-ен-ен“ рече дека тројца до четворица од 18 пратеници на Европскиот Фронтот на ДУИ, се речиси дел од новото мнозинство, но без да споменува имиња.



Дел од новото парламентарно мнозинство ќе бидат и тројца, можеби четворица пратеници од Европскиот фронт на Али Ахмети, изјави Изет Меџити, од коалицијата Вреди. Според него, ДУИ го формираше Европскиот фронт за да опстане како фактор на политичката сцена.

Во интервју за A2 Си-Ен-Ен (А2 CNN) Меџити вели дека Европскиот фронт не е создаден врз идеолошка основа, туку за да опстанат и ДУИ да биде дел од Владата.

  • Европскиот фронт не го обедини ниту идеологијата, ниту програмата, туку за да опстанат тие партии.  Сега, кога е јасно дека нема да бидат во власта, мисијата е пропадната и започнува распаѓањето на Европскиот фронт. Така што веќе можам да кажам дека од тие 18 пратеници што ги доби овој фронт, тројца – четворица со едната нога се дел од новото мнозинство. Сега нема да ги кажам нивните имиња, но таму има две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција. Тие секако дека се гледаат себе си во идната влада. Има и некои други пратеници кои се со Ахмети, кои во минатото се тепале и се убивале меѓу себе, предизвикувале жртви кај Албанците и тешки последици. Заедно се засега, беа здружени за да опстанат. Но, мисијата на Европски фронт е пропадната“, изјави Изет Меџити.

Тој не сакаше да споменува имиња, но рече дека во Европскиот фронт предводен од ДУИ има и две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција, туку се гледа себеси во идната влада, изјави Изет Меџити за „A2 Си-ен-ен“, пренесе ИНА.