Унгарија, Холандија и Гвинеја ќе ѝ бидат противници на машката ракометна репрезентација на Македонија во групата Д во Вараждин на 29. Светско првенство што ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.



„Црвено-жолтите“ ќе стартуваат на 15 јануари против носителот на групата Унгарија, два дена подоцна ќе им излезат на мегдан на Холанѓаните, а на 19 јануари ќе се сретнат и со дебитантот Гвинеја.

Првите три селекции по дуелите меѓусебе ќе се пласираат во групата 2 од главната фаза исто така во Вараждин, кадешто ќе вкрстат со најдобрите три од групата Ц (Франција, Австрија, Катар и Кувајт), со кои ќе се натпреваруваат за две места што водат во четвртфиналето.

На избраниците на селекторот Кирил Лазаров и на македонската ракометна јавност им се исполни желбата да играат во Хрватска, од која имаат убави спомени од СП 2009, кога токму во Вараждин првпат на големите натпреварувања Македонија ја помина групата и избори учество во главната фаза, како и од ЕП 2018, кога ја освои групата во Загреб со Германија, Црна Гора и Словенија.

Епилог од ждрепката во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб: