Приватната општа болница „Ремедика“ во Скопје наскоро ќе ги прошири своите дејности со воведување одделение Кардиоваскуларна хирургија како специјалистичко-консултативна и болничка дејност, а главен играч на кардиоваскуларна хирургија ќе биде токму Д-р Сашко Јовев, пишува Плусинфо.
Министерството за здравство кон крајот на март годинава формирало Комисија за оценка за капацитетите на „Ремедика”, а случајно или не, во неа е и д-р Сашко Јовев, кој се „прослави“ со кавгата со д-р Марјан Шокаровски од државната Кардиохирургија.
Како што е наведено во документите потпишани од министерот Илир Демири, „задача на Комисијата е да ги утврди условите во однос на просторот, опремата и стручниот кадар во објектот за проширување на дејноста на Приватна здравствена установа во Општа болница ‘Ремедика’ за вршење здравствена дејност по кардиоваскуларна хирургија како специјалистичко-консултативна и болничка дејност“. Според Плусинфо, главен играч на Кардиоваскуларна хирургија во „Ремедика“ ќе биде токму д-р Јовев, заедно со уште двајца кардиохирурзи од соседна Србија. Извор : https://plusinfo.mk/i-remedika-otvora-kardiovaskularna-hirurgi-a-dali-e-a-vodi-d-r-sashko-ovev/





