„…Не е точно дека се зголемила смртноста отккао сум јас назначен за раководител на институцијата, прецизната статистичка анализа покажува дека нема значајно зголемување на смртноста“, вели разрешениот медицински директор на Клиниката за кардихирургија д-р Марјан Шокаровски.



Тој го демантираше министерот за здравство Илир Демири кој претходно го разреши поради информации за зголемена смртност на Клиниката и дека 170 пациенти не биле регуларно внесени во „Мој термин“.

За ова, Шокаровски вели дека податоците не се точни, и дека нема зголемена смртност, пренесува ТВ21

„Очигледно изворот на податок ги довел до заблуда и им дал погрешни бројки, а тие не се потрудиле да ја слушнат и другата страна што е основен принцип во објективноста.

Токму поради ова направивме сопствена експертиза статистичка. Од анализата дојдовме до објективни заклучоци кои ги побиваат сите претходно изречени невистини од страна на министерот во заминување, и одредени медиуми.

Прво не е точно дека се зголемила смртноста отккао сум јас назначен за раководител на институцијата, прецизната статистичка анализа покажува дека нема значајно зголемување на смртноста од една страна, а има значајно зголемување на тежината на комплексноста на пациентите за околу 20%.

Второ и позначајно, постои тренд на намалување на смртноста низ последните пет месеци“, вели Шокаровски .