Коалицијата Европски фронт до Управниот суд поднесе тужба по решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.



Тужбата пристигнала синоќа, потврдуваат за МИА од Управниот суд.

ДУИ не се помирува, приговара за прегласувањето во Желино

ДИК  не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино каде коалицијата предводена од ДУИ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.