„Албанците одиграа клучна улога во формирањето на Р*М како држава!“ – порачува претседателката на Косово Османи во честитката до Гаши

„Претседателката на Косово Вјоса Османи му го честита изборот на Африм Гаши по повод неговото преземање на должноста претседател на Собранието на * Македонија, порачувајќи: Албанците од * Македонија одиграа клучна улога во формирањето на државата * Македонија.“објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.



„Алмакос“ ја пренесува честитката до Гаши, која Османи ја објави на општествената мрежа Икс, поранешен твитер: „Честитки до штотуку избраниот претседател на Собранието на * Македонија Африм Гаши и посакување да има многу успеси на оваа важна позиција! Албанците од * Македонија одиграа клучна улога во формирањето на * Македонија како држава и во нејзиното градење како држава. Тие се денес клучни придонесувачи за нејзинта европска перспектива. Нашите држави имаат одлични меѓусоседски односи, засновани врз заемна почит, пријателство и соработка.“