По 16 години на власт, Али Ахмети оди во опозиција

Денешната конститутивна седница го означи и официјалното збогување на ДУИ од власта. Партијата на Али Ахмети сега ќе биде опозиција. Ова е прв пат по 16 години лидерот на некогашната ОНА, а сега на ДУИ да не биде во власта.



Ахмети прв пат стана пратеник во 2002 година и со денеска константно беше во власта.Единтвено од 2006 до 2008 Ахмети накратко беше во опозиција. Тогаш иако ДУИ,осовои повеќе пратеници, ВМРО-ДПМНЕ за коалициски партнер ја избра ДПА. Партијата на Мендух Тачи е во коалција со ДУИ.

Овој ден е празник за целиот македонски народ, рече денеска пратеникот Миле Лефков.

Досега ДУИ, партијата на Али Ахметиа само еднаш беше во опозиција од 2006 до 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ формираше Влада со тогаш неговиот лут опонент, а сегашен изборен партнер ДПА.