Прво обраќање на Мицкоски од собраниската говорница: Се извинувам за непријатностите што ги предизвика Левица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како пратеник се обрати на собраниската говорница и рече дека „им се извинува на сите за непријатностите што ги предизвикале народните избраници на Левица“.



Претходно сите шест пратеници на Левица зедоа збор и беа најжестоки против изборот на Африм гаши за претседател на Собранието, со аргументи дека тоа претставува „етнотрибализација и косоваризација на Македонија“,

– Со неколку клипчиња на социјалните медими ќе се обидат да ве девалвираат, но и граѓаните кои масовно ја поддржаа идната влада. Се извинувам и на оние кои го дадоа гласот за овие малкумина пратеници, кои очекуваат дека со агресивен стил ќе постигнат нешто.

Јас сакав само да кажам неколку важни работи што ќе следат – ќе следат години на владеење на право, борба против корупција, но ќе има и вакви егзибиционисти. Ќе навредуваат, омаловажуваат во отстуство на идеја

Имаа можност да застанат зад политиките над половина милион граѓани. Го одбија повикот за национално единство, стопани им се Артан Груби и Али Ахмети, па го бојкотиравте изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседател, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Македонија ја очекуваат години на реформи, развој, владеење на право, години на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

-Оние егзибиционисти кои се во отсуство на идеја, понижуваат и омаловажуваат а истите тие имаа можност да застанат позади нашата политика, онаа која ја гласаа половина милион наши граѓани, Македонци, Турци, Албанци, Роми од различни етнички припадности во Македонија, истакна Мицкоски