Брижит Макрон, сподели шега со првата дама на Германија, Елке Буденбендер, додека двете ги придружуваа нивните сопрузи на церемонијата на положување венци во Меморијалот на Холокаустот во Берлин во понеделникот, пишува Дејли мејл.



Францускиот претседател Емануел Макрон положи венец на местото на споменикот на шест милиони Евреи кои загинаа од рацете на нацистите за време на Втората светска војна заедно со неговата сопруга, како и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговата партнерка, Елке Буденбендер.

Додека паровите шетаа низ бетонските блокови кои го сочинуваат споменикот, Брижит и Буденбендер беа видени како се држат за раце и се смеат додека се упатуваа кон церемонијата.

Макрон го направи овој гест како дел од неговата државна посета на Германија, прва претседателска посета на француски лидер во последните 24 години. Положувањето венци се случи на почетокот на вториот ден од патувањето.

Споменикот се наоѓа недалеку од Бранденбуршката порта во главниот град на Германија.