На стартот на новата година кинески Синохидро доби нов рок од 2 години да го изгради автопатот Кичево-Охрид, но на терен неизвесно дали воопшто нешто се работи. Како што потсетува Канал 5, продолжениот викенд кога голем број граѓани го искористија да го посетат Охрид, на автопатот од Кичево кон Охрид освен колони возила, друго не можеше да се забележи.
И додека во светот се градат километарски подводни автопати за 4 до 5 години, кај нас 57 км делница и по една деценија никако да го доживее својот епилог. На терен викендов, ниту работници ниту механизација. Денеска молк од надлежните институции, а последната информација поврзана со изградбата токму на овој автопат беше пред речиси една недела, дека во период од неколку часа ќе се врши минирање.

„Дали во моментов се вршат активности на терен? Колкав број на работници се ангажирани? Дали на местото каде треба да се гради има механизација?“ прашавме и во Јавното претпријатиа за државни патишта но оттаму одоговри не добивме.
Се обидовме да стапиме и во контакт со се уште актуелниот министер за траснпорт и врски, Благој Бочварски, но ниту тој не одговори на нашите телефонски повици.
Охрид, важи за еден од најпосетените туристички градови во земјава, не само од домашни, туку и од странски туристи. Од туристичко угостителската комора за Канал 5 велат со години говориме дека доколку имаме добар автопат од Скопје до Охрид бројот на туристи значително ќе се зголеми.

Првиот човек на комората, Аркан Керим вели неизгрдабата на автопатот е проблем на домашните институции, но и проблем за посетителите, кој наместо два патуваат и по 4 часа.
Од она што е досега познато, кинески Синохидро започна со изградба на автопатот во 2014 година, рокот неколкупати беше пролонгиран за што беа потпишани 6 анкес договори, а со дел од нив порасна и цената. Па наместо првичните 400 сумата скокна на 600 милиони евра. При последниот увид на автопатот, на кој беа поканети и новинарски екипи, дел од екпертите и професорите беа едногласни дека една деценија за изградба на 57 км делница е предолг период, но беа отпимисти дека доколку новата проекција би течела како што треба, санацијата на 13-те свлечишта кои ја закочија работата, би траела околу една година.





