Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на последното Централно собрание на партијата поднел оставка за да може да биде кандидиран за претседател на Собранието, информираа од партијата. Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Африм Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива.
На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток (23.05.2024 година), меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Македонија.

Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата. Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива.





