Потпретседателот на СДСМ во оставка, Стефан Богоев, кој на 34 години има 16-годишен партиски стаж, вели дека размислува за опцијата да се кандидира за претседател на Социјалдемократскиот сојуз.
Во интервју за БИРН вели дека лично смета дека му е предност што ги поминал и опозиционерските денови во првите редови на протестите.
„Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата.
Оттука, сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега.
Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател“, вели Богоев.
Тој е убеден дека доколку сите кандидати за лидер, на прво место ги стават партијата и државата, „тоа ќе биде празник за демократијата во СДСМ наместо нови поделби во СДСМ“.
Богов додава дека пратеничката група е компактна и не очекувам некој да ја напушти.






