Грчкиот весник „Катимерини“ во авторски коментар го толкува отстранувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето во Скопје како „потег за смирување на Грција“.
„Откако ги симнаа патоказите со името Александар Велики за својот главен аеродром и клучен автопат, Владата на Поранешна Југословенска Република Македонија (ФИРОМ) почна да ги симнува статуите што би можеле да се толкуваат како симболи на иредентистичките амбиции против Грција.
Статуата беше подигната заедно со бројни други спорни скулптури на византиски и поствизантиски владетели и воини, како и лакови во римски стил, од страна на поранешниот премиер Никола Груевски од националистичката партија ВМРО.
Актуелниот премиер на земјата, социјалдемократот Зоран Заев, реагираше на кампањата на Груевски додека беше во опозиција, иако се смета дека овој потег е поврзан со разговорите со посредство на Обединети нации, кои во моментов се водат со Грција.
Заев ја изрази својата заложба за постигнување на решение кое ќе го отвори патот за вклучување на неговата земја во НАТО и во Европска унија“, коментира Ставрос Ѕимас, дописник на „Катимерини“ од Северна Грција.





