Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира со добра вест за „ФК Вардар“.
„Со задоволство сакам да објавам дека општина Гази Баба оваа година доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за фудбалскиот клуб Вардар.
Вардар е национална гордост на Македонија и ја заслужува нашата поддршка“ напиша Стефковски на Фејсбук.






