Следната британска влада треба да го разгледа предлогот за забрана на паметни телефони за помлади од 16 години, повикаа пратеници, цитирани од Би-Би-Си.



Извештај на Kомисија за образование наведува некои од сериозните опасности со кои се соочуваат децата кои поминуваат премногу време на интернет.

Владините упатства со кои се забранува употребата на телефони во училиштата во Англија на почетокот на оваа година, предизвика дебата за тоа колку време децата треба да поминуваат на интернет.

Во извештајот, објавен во саботата, се вели дека ризиците од прекумерното време на екранот се многу поголеми од придобивките.

Времето што децата го поминуваат пред екраните е значително зголемено во текот на изминатите неколку години, при што кај едно од четири деца користењето на смартфон предизвикува зависност.

Во извештајот се вели дека сега речиси сите деца под 12 години поседуваат телефон и дека 79% биле изложени на порнографија пред 18-годишна возраст.

Од Комисијата велат дека без итни мерки загрозени се повеќе деца и препорачуваат или целосна забрана на паметните телефони за под 16 години или инсталирање на стандардни родителски контроли.

Исто така, се вели дека производителите на мобилни телефони ќе бидат охрабрени да произведуваат специфични детски телефони кои ќе можат да се користат за да одржуваат контакт преку повици, СМС пораки и GPS локација, но да немаат пристап до интернет.