Во пресрет на денешното финале на Евролигата во Берлин синоќа се судрија навивачи на Панатинаикос и Олимпијакос.



Се очекува околу 9.000 грчки навивачи да пристигнат во Берлин на фајналфорот на Евролигата во 2024 година, каде во 17 часот денеска Панатинаикос ќе се соочи со Фенербахче во битка за третото место, а Олимпијакос ќе се сретне со Реал во иналето на фајнл-форот закажано за 20 часот.

Според грчките медиуми, во синоќешниот инцидент имало 12 повредени, од кои двајца потешко, додека едно лице е во критична состојба, пренесува Index.hr.

Овој инцидент и германската полиција тешко го спречи, во тепачката учествувале околу 60 лица, според полицискиот извештај, дел од нив користеле бејзбол палки и шипки.