Истрага за затворањето на хируршките сали во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ покрена Јавното обвинителство.



Целта е да се откријат причините зошто салите не работат една недела.

Во моментов функционираат само три сали за итни случаи, а пациентите се пренасочуваат на лекување во други болници.

Причина, како што се дознава, е непријатна миризба и неисправност на системот за вентилација.

Од 21 часот синоќа, како што беше најавено, скопските клиники останаа и без вода.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на состојбата во клиничкиот центар, изразувајќи загриженост.

Ако ДУИ и СДСМ одат во опозиција не значи пациенти да умираат по ходници

Од ЈО назначен е обвинител кој треба да утврди дали се случиле некои кривични дела во врска со затворањето.

По собирањето на изјави и докази, обвинителството ќе оценува дали има основи за поведување кривична постапка и против кого.