Иако Јосип Броз Тито е роден на 7 мај, неговиот роденден во Југославија се славеше на 25 мај. Празникот со кој се одбележува датумот на раѓање на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, беше најпопуларниот празник во поранешна Југославија.
Генерации пионери, студенти и војници ја носеа штафетата на младоста илјадници километри, од Триглав до Гевгелија, за да му ја предадат на доживотниот претседател на поранешната држава. Иако последната штафета беше направена и донесена во Белград во 1987 година, Денот на младоста и денес многумина го слават како спомен на „подобрите времиња“.

На собирот во Кумровац денеска се слушаат партизански песни и се продаваат сувенири како маици со ликот на Тито, негови фотографии и запалки. Минатата година настанот помина без инциденти, а воените обележја имаше само спорадично.
Главниот симбол на овој празник беше палката на младоста, која се носеше околу месец и половина низ целата територија на Југославија и му беше предавано на Тито на 25 мај на величествена приредба, која беше организирана на стадионот на ЈНА.

Приредби се одржува и на плоштадите на сите тогашни републики, вклучувајќи ја и Социјалистичка Федеративна Република Македонија.
Младинската штафета е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Штафета на Тито“. Во првата штафета на Тито учествуваа 12.500 млади луѓе, кои трчајќи ја патеката долга 9.000 километри, на Тито му ги врачија првите девет палки и Сината книга со 15.000 потписи на младите од Шумадија. Тие први палки му беа предадени во Загреб, додека во следните години, до 1956 година, Тито лично ги прими последните носители на палката пред Белата палата во Белград, на што му претходеше свечен пречек на плоштадот на Републиката.

Во 1987 година на стадионот во Белград за последен пат се одржа манифестацијата Ден на младите.
Инаку, на ваквите собири е забрането носење воени униформи и воени обележја, а дозволено е доаѓање во пионерски униформи. На прославата пристигна и поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ.





