Генералното собрание на Обединетите нации во средата ја усвои резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
Македонија гласаше за усвојување на резолуцијата за Сребреница и беше земја коспонзор на предлогот да се донесе резолуцијата на иницијатива на министерот во заминување Бујар Османи.
Брнабиќ: Повеќе од две третини од светот не гласаше за резолуцијата за Сребреница
Србија се противеше на носењето на ваква резолуција.
При синоќешното гостување на ТВ Прва српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „најодвратно му било однесувањето на Црна Гора“ …
„Не ме разочараа, бидејќи тоа го очекував. Му реков на Спајиќ (премиерот на Црна Гора) дека не мора да ме залажуваат, дека знам дека ќе гласаат. Нема да им испратиме протестна нота дури и затоа што гласаа дека сме геноцидни“ рече Вучиќ.
Тој изјави дека „посилно го погодила С. Македонија“.
„Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, но тоа не е фер. Испадна дека Грција има повеќе кичма од Скопје, и тоа е точно. Црна Гора не ме ни погоди, ме погоди поради нашите луѓе“, заклучи тој. (Индекс.хр)






