Лидерот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов смета дека не може да се изедначат настаните од „27 април“ и оној во „Диво Насеље“ коментирајки ги најавите дека во новата коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ќе има и ослободување на осудените за упадот во собранието, случаите Монструм и Алфа…



„За 27 април имаме луѓе кои треба да одговараат за обично насилсктво, но не за тероризам. Во 2018 повикав да се отвори широка дебата. Тие луѓе се се, само не терористи.

Ако ние како држава ги амнестиравме тие кои убиваа македонски бранители, зошто не би ги ослобиле оние кои влечеле за коси или удриле бокс на пратеник. Не ги оправдувам, треба да одговараат, но не за тероризам“, изјави Ангелов во „Дејли клик“ на ТВ21.

Зборувајќи за „Диво насеље“, Ангелов вели:

„Не верувам дека некој ќе амнестира терористи од Диво Насеље, кои убиле македонски полицајци.

Зборуваме за терористички упад во државата, и убивање на полицајци. Како држава положивме голем тест, затоа што терористите не добија поддршка, а албанските полицајци не се повлекоа, и од тогаш па наваму има голема доверба меѓу специјалците“, изјави Ангелов.